Американскиот Стејт департмент ги предупреди своите државјани кои планираат да патуваат нво Косово да бидат внимателни поради тероризам. Стејт департменот тоа го направи само два дена пред убиството на Оливер Ивановиќ кој е застрелан пред својата канеларија на Косовска Митровица.
– Теористичк групи продолжуваат да планираат можни напади на Балканот, вклучувајќи го и Косово, стои во соопштението на Стејт департменот кое го пренесе и американската амбасада во Приштина.
Како што пишува, терористите можат да нападнат со мало или никакво предупредување, целта се туристичките локации, транспортните центри, пазари, трговски центри, објекти на локалната управа, хотели, клубови, ресторани, главни спортски и културни случувања, образовни институции, аеродроми и други јавни површини“.
Во соопштението на Стејт департменот стои дека се јавува политичко насилство ширум Косово.
Покрај тоа, Американците се предупредуваат повторно да го разгледаат патувањето во Косово, како што наведуваат поради „ граѓански немир“.
– Тензиите меѓу заедниците на Северно Косово почнуваат да стануваат насилни, демонстѕрациите и другите врсти на немири во Северна Митровица, наведува Стејт департменот.
Како што и понатаму се додава, „иако неодамнешните нермири биле политички мотивирани и во нив немало мешања на туристи или членови на меѓународни заедници, набљудувајќи би можело да бидат вкулени ако би дошло до насилни инциденти.
Во соопштението не се прецизира на кои тоа „ неодамнешни немири“ се мисли.
Стејт департменот и порано издавал слични предупредувања на своите граѓани, а последен пат „безбедносната порака“ е издадена во декември поради можни демонстрации во Приштина поради згоелмување на цените за електирична енергија, потсетуваат приштинските медиуми.
Потсетуваме, лидерот на Гражанската иницијатива „Слобода, демократија, правда“ Оливер Ивановиќ им подлегна на повредите, откако утрово беше застрелан на Косовска Митровица. Ивановиќ имал повеќе прострелни рани на горниот дел од телотот, а лекарите се обиделе да го реанимираат, но за жал безуспешно.