Само еден твит на ријалити ѕвездата Кајли Џенер за социјалната мрежа „Снепчет“ предизвика пад од 1,3 милијарди долари или осум отсто од вредноста на акциите на оваа компанија.
– Отвара ли некој воопшто „Снепчет“ или само јас… ова е навистина тажно, напиша на Твитер полусестрата на Ким Кардашијан.
Нејзината порака се однесува на редизајнот, кој неодамна го воведе „Снепчет“, а на многу корисници не им се допадна.