Само со лична карта ќе може да се влегува и во Босна и Херцеговина


Босна и Херцеговина од денеска станува петтата земја, во која, македонските граѓани ќе можат да патуваат само со лична карта. Со потпишувањето на договорот од страна на претседавачот на советот на министри на БиХ, Денис Звездиќ и македонскиот премиер се олеснува движењето на граѓаните од двете земји.

Според претходно постигнатите договори, само со важечка лична карта, македонските државјани можат да патуваат и во три, од петте земји соседи. Без патна исправа, граѓаните од Македонија може да стасаат до Хрватска, каде ги очекува првата европска граница и потреба од пасош. Односно со лична карта може да влегуваат во Србија, Албанија и Косово, како и во Црна Гора.

За влез во Бугарија, земја членка на ЕУ, која сеуште не е дел од шенген-зоната, нашите државјани мора да поседуваат валидна биометриска патна исправа.

При патување во Грција, која е земја членка на шенген-зоната, постои посебна процедура на граничните премини. Македонските граѓани добиваат печат при влез и излез од територијата на нашиот јужен сосед, на посебен бел лист, кој може да се подигне од граничниот премин, или во некоја од канцелариите за врски на Грција, во нашата земја.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1