Во текот на вчерашната акција за помош на настраданите од поплавените подрачја во Србија и во БиХ, само од пунктовите во Скопје собрани се: 20 тони прехрамбени продукти, 10 тони хигиенски средства, 60 тони вода, 1.000 кебиња, еден тон бебешка храна, 3 тони млеко, 10 тони облека и 1.000 пара обувки.
Црвениот крст на РМ информира дека до 16 часот преку телефоните за донации биле собрани повеќе од 60.000 евра.
„Првиот конвој за помош за Србија се очекува да тргне денес во 11 часот од магацинот на Црвениот крст во Момин поток, а 20 тони хуманитарна помош за БиХ ќе биде испратена во вторник. Финансиските средства кои ќе бидат собрани на телефоните за донација и на жиро-сметката на Фондот за солидарност ќе бидат уплатени на сметките за помош на Србија и на Босна на 31 мај“, информираат од Црвениот крст.