Самсунг претставува три нови професионални екрани на саемот ИФА2017


Компанијата Самсунг на ИФА2017 саемот претстави три нови професионални екрани за современи работни места: CH89 (заоблен модел со дијагонала од 34 инчи), CH80 (заоблен модел со дијагонала од 27 инчи) и SH85 (рамен модел со дијагонала од 23,8 и 27 инчи).

Моделите  пристигнуваат со интерфејс УСБ тип Ц кој овозможува лесно поврзување како и оптимизирана остина на сликата и приказ на боја во резолуции: “Ultra WQHD“ (CH89), “Full HD“ (CH80) и “WQHD“ (SH85).

 

За едноставна поделба на екранот, мониторите CH80 и SH85 се одликуваат со“DP Out Daisy Chain” технологија за сериско поврзување на повеќе екрани со само еден кабел помеѓу секои два уреди. Корисниците може да го прошират својот десктоп на повеќе поединечни екрани или на група екрани со само една ДП врска, со што се губи потребата од синхронизирање на секој монитор со компјутер или со друг надворешен уред.

Најновите професионални екрани на Самсунг се дизајнирани да може документите и фотографиите да се прикажат со оптимална јасност и приказ на боја, засилувајќи ги ситните, односно скриените, визуелни детали. “

Овие модели исто така се одликуваат со функција која спречува треперење и функција за заштита на очите, со чија помош се неутрализираат визуелните ефекти кои би довеле до напрегање на очите во текот на долготрајната употреба.

 

Сите модели екрани ќе бидат достапни во нашиот регион од септември оваа година.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1