Фејсбук статус на актерот Сашко Коцев – коментар на новите законски измени за плаќање придонеси за хонорари
Си изгласавте закон со кој вие не сте опфатени?!?!? Со што тоа вие драги господа пратеници и функционери сте нешто повеќе од уметниците? Со што го заслуживте тој статус?Значи вие сте заштитени “бели мечки”?….не ! Вие сте само бели пудлици!!
Да,да…салонско кутре кое служи само за шетање и сликање и е многу скапо за одржување.
Но, не е проблем.Јас го имам аплаузот,феномен на човештвото.Аплауз кој го прави уметникот богат.Вистински и гласен аплауз.Не партиско тапшање по рамо,не не…не инсценирани аплаузи од луѓе со сендвич во раката.Не,туку вистински,нешто кое нема да го почувствувате …затоа јас за вас сум подготвен не 40%,туку да платам 97% давачки.Со преостанатите 3% ќе одам да си купам сендвич
Збогум културо,збогум сиромаштијо.
п.с. Не ги ставам сите пратеници во ист кош,а ги ставам сите партии.