Политичари и личности од шоу-бизнисот од Србија се вмешани во голем сатанистичко-секс скандал. Имено тие членуваат во сектата ордо темпли оријентис, позната по тоа што членовите имаат оригии на гробишта.
Сектата ордо темпли оријентис (ОТО) чии членови имаат оригии на гробишта, користат дроги и се поклонуваат на сатаната, веќе 20 години постои во Србија, објави српски „Курир“.
Оваа секта од неодамна е позната на пошироката јавност, благодарение на музичките ѕвезди како Ријана и Џеј Зи, кои според американските медиуми, се членови на оваа секта.
ОТО сектата е типично сатанистичка, а во нивните рефови се наоѓаат луѓе од шоу-бизнисот, политичари, луѓе желни за материјална моќ. Се работи за една од најопасните сатанистички групи, чии кампови, освен во Белград, постојат и во Нови Сад, Ниш, Трстеник.
Основата е стапување со „духот на космичката енергија“, кој следбениците го нарекуваат Ајваз. Тој всушност е сатаната, вели Димитрије Пастуовиќ од Друштвото за заштита на граѓаните од секти и ментални манипулации „Бедем“.
Ритуалите воглавно се спроведувале на гробиштата и во гробниците, а се завршувало со конзумирање на дроги и оригии.