СДСМ бара оставка на Тодоров – Министерот фактите ќе ги соочи во собрание


Пратеничката група на СДСМ и коалициските партнери денеска до собранието поднесоа барање за разрешување на Никола Тодоров од челната позиција во министерството за здравство.

todorov

Бараме одговорност од Никола Тодоров за системските проблеми и целокупниот хаос во здравството што резултира со трагични последици врз граѓаните, врз пациентите. За само два дена, две трудници го загубија животот што е недозволиво во 21 век. Тоа најдиректно покажува дека здравствениот систем во Македонија не функционира – изјави денеска Јагода Шахпаска, пратеничка од СДСМ и претседателка на собраниската комисија за здравство.

Таа нагласи дека несоодветното и нестручно управување со здравствениот систем, со ресурсите, немањето стратегија за развој и инвестициски вложувања го зема најскапиот данок, човечкиот живот.

На ова реагираа од министертсвото за здравство.

-Благодарност до Социјалдемократскиот сојуз на Македонија што ни дава можност во законодавниот дом да ги соочиме фактите за да се направи разлика каква била состојбата во здравството претходно, а каква е сега, колкави биле инвестициите во здравството, колкави се сега, како и севкупно каде било здравството претходно, а каде е сега.
Со користење на инструментот “интерпелација“ СДСМ ќе ни овозможи од собраниската говорница да направиме пресек на состојбите во здравството и со конкретни податоци да разговараме за проекти и реформи реализирани во здравствениот систем.
Во таа смисла, со почитување на сите законски и деловнички процедури Министерот за здравство ќе даде одговор на интерпелацијата и истиот ќе го образложи пред законодавниот дом, се наведува во соопштението од министерството за здравство.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1