СДСМ демантира: Макрадули, Бендевска и Спасовски не пишувале графити


Социјалдемократскиот сојуз ги демантира информациите на Press24 дека пратениците Бендевска, Спасовски и Макрадулиучествувале во нарушување на избирачкиот процес.

Најостро ги демантираме денешните наводи на Прес 24. Ова е уште еден срамен обид за манипулирање со граѓаните.

prateniciiiiПратениците Макрадули, Бендевска и Спасовски ниту учествувале во нарушување на изборниот процес, а уште помалку учествувале во некакво графитирање.

Овој напис на Прес 24 претставува уште еден проѕирен обид за одвлекување на вниманието од изборните злоупотреби на владејачката партија.

Денес, граѓаните на Македонија се сведоци како ВМРО ДПМНЕ преку чист вандализам, преку уништување на приватна сопственост и спречување на граѓаните да излезат на гласање по којзнае кој пат го нарушуваат изборниот процес.

(Интегрален текст од демант на СДСМ)

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1