СДСМ ги бојкотира изборите во Ѓорче – Наумовски со кривична за Груевски и Сокол Митревски


krivicnanaumoskiАлександар Наумоски, кандидат за градоначалник на Ѓорче Петров денеска најави дека поднесува кривична пријава против Груевски, Ставрески и Сокол Митровски, заради „грубо прекршување на моето активно избирачко право помеѓу првиот и вториот изборен круг“, објави Нова ТВ

Спореед Наумовски одлуката на Управниот суд за Ѓорче Петров е врвен срам за правната држава и директен показател за упадот на власта во изборите.

„Управниот суд поништи едно избирачко место заради уцена на гласачите на само едно избирачко место, а кое се случи во МЗ Волково, во која има вкупно 4 избирачки места.„Заради тоа, Изборниот штаб на Сојузот за иднината во општина Ѓорче Петров, одлучи да не учествувам во третиот изборен круг.

naumovski– Истовремено ги повлекуваме сите наши контролори, со цел да победат 1.320 спрема 0, колку што има гласачи на тоа избирачко место, за да може актуелниот Градоначалник да ги оправда околу 50 милиони евра кои ги нема во општината од 2005. наваму“, вели Наумовски.

Тој ги повика поддржувачите на неговата кандидатура да не излегуваат в недела на гласање.

НоваТВ

krivicnanaumoski

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1