СДСМ ги загуби изборите, се чека оставка на Заев


ВМРО-ДПМНЕ е победник на парламентарните избори 2016. Наспроти сите сили со кои соочи и кои туркаа кон поделби, на овие избори победи народот во Македонија. Со прегласувањето во Теарце, по сите конструкции на СДСМ, изборен инженеринг и купување на гласовите со поддршка на албанската дијаспора, ВМРО-ДПМНЕ има конечни 51 пратеник наспроти 49 на СДСМ.

Се очекува наскоро Државната изборна комисија да ја потврди победата на ВМРО-ДПМНЕ и „Коалицијата за подобра Македонија“ на предвремените парламентарни избори. Со тоа ВМРО-ДПМНЕ го добива мандатот за составување на новата влада.kutii izbori

ВМРО-ДПМНЕ и по 2 години невидена црна кампања и напади, во кои СДСМ беше само инструмент, освои резултат приближно ист како во 2014 година. Разликата во македонското гласачко тело меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ сè уште е околу 100.000 гласови.

Заев, најави дека ако загуби, ќе поднесе оставка и ќе се повлече од политичката сцена.

– Ако имаме регуларни, фер и демократски избори јас сум уверен сум дека ќе победиме. Ако изгубиме истата вечер ќе ја поднесам мојата оставка од сите политички и општествени функции и ќе се вратам дома на децата и на моето семејство, изјави Заев за „Телма“ .

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1