СДСМ: Граѓаните немаат уште еден живот да му го доверат на некој нов Груевски


Од владејачката СДСМ реагираат на протестот на ВМРО-ДПМНЕ од синоќа и нивните соопштенија за политиките на Зоран Заев.

– Како партија која што 11 години ја пустошеше Македонија и ги осиромашуваше граѓаните, додека нејзините челници грабаа се што можеа да грабнат, ВМРО-ДПМНЕ покажува дека нема никаква разлика во нејзиното однесување и делување. Нема никаква разлика – Мицкоски продолжува прецизно по патот на Груевски и за жал повторно одбива да им се извини на граѓаните за пустошeњето што ВМРО-ДПМНЕ го вршеше врз Македонија цели 11 години. После изгубени 11 години, Македонија нема време за губење. Граѓаните немаат уште еден живот да му го доверат на некој нов Никола Груевски, со кого еднаш веќе расчистија. Заветот на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се поделбите и минатото. Македонија има само еден завет, а тоа е просперитетна иднина, економски раст и членство во ЕУ и НАТО“, сооштуваат од СДСМ.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1