Според податоците на ДИК, коалицијата на СДСМ продолжува тесно да води пред ВМРО-ДПМНЕ и партнерите и по 80 отсто од пребројаните избирачки места (2 773 од 3 480).
И во албанскиот политички блок состојбата е непроменета, каде што ДУИ води пред Алијанса за Албанците и Алтернатива.
Во проценти, на територијата на целата земја резултатот сега е следен:
СДСМ и коалицијата – 36,54%
ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата – 35,61%
ДУИ – 10,6%
АА/А – 8,31%
Левица – 4,03%
ДПА – 1,4%
Интегра – 1,37%