СДСМ и Заев под истрага – ОЈО истражува како се финансирала предизборната кампања


СДСМ и Зоран Заев под истага на Основното јавно обвинителство за незаконско финансирање на изборната кампања. Во нивното денешно соопштение не се откриваат детали за која политичка партија е покрената постапка, но извори од истрагата откриваат дека се истражува финансирањето на изборната кампања на СДСМ, а осомничени се партијата како правно лице, нивниот претседател Зоран Заев, одговорниот за спроведување на кампањата и неколку други лица. Истите извори откриваат дека случајот е отворен уште во октомври минатата година, а се однесува на изборите кои се одржаа на 11 декември.

obvinitelstvo-skopje

Во соопштението од Јавното обвинителство се вели дека истрагата е обемна, превземени се претходни дејствија, побарана и прибавена е материјална документација и релевантни писемни докази. Од почетокот на постапката сослушани се повеќе од 70 лице во својство на сведоци, но во просториите на Јавното обвинителство досега не се повикани осомничените.

Постапувајќи по кривична пријава поднесена од надлежна институција, Основното јавно обвинителство – Скопје минатата година оформи предмет против едно лице – организатор на изборна кампања и други лица, како и против едно правно лице за сторено кривично дело – Злоупотреба на средства за финансирање на изборна кампања од член 165-а од Кривичниот законик. Делата за кои е отворена постапката се во врска со употреба на недозволиви средства за изборна кампања и давање на лажни податоци во финансиските извештаи, велат во соопштението.

Подетални информации за овој предмет од Основното обвинителство најавуваат во моментот кога ќе се стекнат со законски услови, за да не ја нарушат тајноста на предистражната постапка.

За парламентарните избори кои се одржаа на 11 декември, Основнот јавно обвинителство има отворено 68 предмети под сомнение за сторени евентуални изборни нерегуларности

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1