СДСМ: Имаме една од најниските цени на струја во Европа


СДСМ смета дека и со корекцијата на цената, Македонија и натаму има една од најниските цени на електрична енергија во регионот и во Европа.

„Пандемијата со коронавирусот што ја зафати нашата земја но и целиот свет го погоди и енергетскиот сектор на глобално ниво. Потрошувачката на струја драстично се намали. Од друга страна, во овој период на вонредна состојба енергетскиот сектор одговори на задачата и граѓаните имаа струја постојано. Дополнително се покажа одговорност и во ваква состојба обезбедено е пролонгирано плаќање на сметките без камати, како и да нема исклучување од енергетските системи во време на вонредна состојба. Ова е резултат на здравите енергетски политики и континуираните инвестиции во зголемување на домашното производство и обезбедување на сигурна и стабилна испорака на електрична енергија. За да се задржи функционалноста на енергетскиот систем во вакви вонредни состојби за потрошувачката кои неминовно следуваат, цената на електричната енергија се корегира за 7,42% односно за сметка од 1500 денари ќе има корекција од околу 100 денари“, се вели во писменото соопштение на СДСМ.

Оттаму велат дека за да се заштитат граѓаните, евтината тарифа останува на сила во дневните и ноќни интервали исто како и до сега.

„Преку евтината тарифа 15 милиони евра годишно остануваат кај граѓаните, а најголем дел од нив се социјално ранливите групи, пензионерите и невработените лица кои најмногу ја користат оваа мерка“, потенцираат од СДСМ.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1