СДСМ избра бојкот и по вчерашниот ЦО


Централниот одбор на Социјалдемократскиот сојуз, на синоќешната (26.02) седница која траеше до раните утрински часови, одлучи да се опстои на одлуката за бојкот на изборите.
Раководството на партијата било поделено во однос на тоа дали да се учествува или не на локалните избори на 24 март, јавува агенцијата Макфакс. Имало идеја да се оди на локалните избори, но да се бојкотира парламентот, која не била прифатена. Мнозинството одлучило СДСМ да остане на одлуката за активен бојкот.


sdsm640nasaСедницата на ЦО, која траеше до три часот по полноќ, се одржа откако владејачкото мнозинство во Собранието на Република Македонија изгласа измени во Изборниот законик за продолжување на рокот на кандидирање за локалните избори до 3 март.
Вчера и САД и ЕУ и ОБСЕ упатија уште еден апел до македонските политичари да постигнат компромис.
„Земјата во моментов се наоѓа на критична крстосница. Моменталната криза ги загрозува аспирациите на граѓаните за подобра иднина, како и политичката стабилност на земјата.

Мора да се преземат чекори за оддалечување од јавните ултиматуми, фиксни позиции и краткорочни тактики, а кон приближување до директен дијалог и компромис од најдобар интерес за граѓаните и државата.

Во овој контекст ги повикуваме политичките лидери да преземат одговорност и без одложување да најдат конечно решение за моменталната политичка криза”, се вели во заедничката изјава од мисиите на ЕУ, ОБСЕ и САД.
И еврокомесарот за проширување Штефан Филе синоќа преку социјалната мрежа Твитер испрати порака до македонските политичари: „Време е за компромис. Време е да се стават вашите граѓани на прво место“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1