СДСМ ја раскина коалицијата со ВМРО ДПМНЕ во Струга


СДСМ ја раскинува коалицијата со ВМРО ДПМНЕ во Струга најави денеска претседателот на ОО СДСМ Ложанкоски. Според него, личните и партиски интереси на ВМРО-ДПМНЕ се ставени над интересите на граѓаните на Струга, што било причина за ваквата одлука, јавува  OhridNews

sdsm vmro-ВМРО-ДПМНЕ отстапи од принципот на коалиционен договор со СДСМ и прифати претседавач на Советот на општина Струга да не биде од коалицијата „Заедно за Струга“. Владејачката партија манипулира исклучиво за лични и партиски интереси. Нема друго оправдување за овој неразумен потег. Коалицијата „Заедно за Струга“ беше договорена токму за претседавачкото место во Советот, коешто требаше да го добие коалицијата, во интерес на граѓаните Македонци од Струга. По ова непринципиелно постапување на ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ ја раскинува коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ. Отсега самостојно ќе ги браниме интересите на граѓаните на Струга.-изјави Даме Ложанкоски, претседател на ОО СДСМ Струга.

Советот на општина Струга од конституирањето работи без претседател, поради тоа што партиите не можат да се договорат кој да ја извршува оваа функција.

OhridNews

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1