СДСМ: Лицемерно е ВМРО-ДПМНЕ да обвинува за притисоци во администрацијата


Лицемерно и неодговорно е ВМРО-ДПМНЕ, партијата што со години брутално ја партизира и ја понижуваше државната администрација, денеска да глуми загриженост и лажно да обвинува за наводни притисоци врз вработените во администрацијата, реагира владејачкиот СДСМ по прес-конференцијата, на која опозицијата обвини дека се вршат притисоци во администрацијата.

„Лажни се информациите дека биле вршени притисоци врз лица вработени во администрацијата за да не се исплати финансиски додаток на кариера за вработените во јавната администрација, што токму ВМРО-ДПМНЕ незаконски го укина. Како што јавно објави Министерството за информатичко општество и администрација, станува збор за вонсудска постапка на спогодба за незаконски неисплатените средства од претходната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, со цел да се избегне дополнително одлевање финансиски средства по основ на судски и адвокатски трошоци“, велат од СДСМ и додаваат дека на овој начин вработените ќе го добијат финансискиот додаток што им бил оневозможен и се спречува дополнително оптоварување на буџетот на Република Македонија.

Од СДСМ додаваат дека со тоа се исправа неправдата што ВМРО-ДПМНЕ им ја нанесе на вработени во администрацијата, незаконски укинувајќи го правото на додаток на плата за степен на кариера. Во реакцијата на владејачката партија стои дека СДСМ обезбедува независна и професионална администрација ослободена од секакви партиски притисоци и влијанија, а времето на притисоци заврши со заминувањето на претходната власт.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1