СДСМ не ги прифаќа мандатите – официјалната одлука вечер


Извршниот одбор на СДСМ вчера едногласно одлучи да му препорача на Централниот одбор да донесе одлука за неприфаќање на мандатите, изјави партискиот портпарол Петре Шилегов.

500petresdsm-634x320– Синоќа одлучивме да не поднесуваме приговори од причина што не го признаваме изборниот процес и нецелисходно е да се поднесуваат приговори бидејќи во изминатиот период, поточно пред и на самиот ден на изборiте имаме поднесено 170 различни претставки, а сите тие или се одбиени или никој за нив не реагира – рече Шилегов.

Седницата на Централниот одбор на опозициската партија треба да се одржи вечерва после 18 часот, кога и дефинитивно ќе се знае или официјализира ставот да не се прифатат пратеничките мандати.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1