СДСМ не сака избори – го отфрли предлогот на Груевски


СДСМ ги отфрли двете опции што ги понуди премиерот Никола Груевски, откако во договорениот рок ад-хок Комисијата за случувањата од 24 декември не успеа да постигне согласност и да донесе извештај.

Потпретседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска го повика ВМРО-ДПМНЕ да се согласат со формулацијата за прекршување на Уставот со исфрлање на новинарите од собраниската галерија.

sekjerinskaШто се однесува до изборите, таа посочи дека, обврска од мартовскиот извештај е создавање фер претпоставки за изборен натпревар.

– Презедовте обврска за усогласување на изборното законодавство со препораките на ОБСЕ/ОДИХР и за прочистување на избирачкиот список. Тие обврски не ги реализиравте, рече Шекеринска, додавајќи дека ако утре се распушти Собранието на РМ, СДСМ ќе ги искористи сите демократски средства кои и стојат на располагање.

Според неа, ниту првата, ниту втората опција кои ги понуди премиерот Груевски немаат врска со ЕУ и нејзиниот извештај.

– Груевски бега од одговорност, од договореното и не нуди решение, изјави Шекеринска, додавајќи дека народот,  и ЕУ не сакаат партиски извештај и затоа СДСМ нема таков да прифати.

Предвремените избори, како што рече, зависат од парламентарното мнозинство.

– Двете опции се само алиби за критиките кои ги очекува во европскиот извештај, додаде Шекеринска.

Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски вчера понуди две решенија. Едното СДСМ со надгласување да изгласа извештај со правни формулации за настаните од 24 декември какви што сака, а доколку претседателот на ад хок Комисијата Борче Давитковски не сака да гласа на таков начин, да изберат нов кој ВМРО-ДПМНЕ го прифаќа однапред, а второто во понеделник на вонредна седница да се распушти Парламентот и да се распишат предвремени парламентарни избори кои би се одржале на 13 октомври, пред Македонија да го добие извештајот од Европската комисија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1