СДСМ поднесе кривична пријава против Јанкуловска


СДСМ поднесе кривична пријава против Гордана Јанкуловска. Од партијата велат дека постојат сериозни наводи дека Јанкуловска од позицијата сeкретар на ВМРО-ДПМНЕ и министерка за внатрешни работи во 2006 година направила две кривични дела, злоупотреба на службена положба и овластување за затајување данок

500petresdsm-634x320– Постојат сериозни основани сомнежи дека 80 илјади евра или две донации за ВМРО-ДПМНЕ противзаконски завршиле лично кај Јанкуловска. Бараме од Јавниот обвинител Марко Зврлевски да отвори истрага за скандалот во кој е инволвиран владин функционер. Постои оправдан страв дека Јанкуловска може да ја напушти државата и затоа бараме јавниот обвинител да предложи мерка за обезбедување на ова лице, согласно законот за кривична постапка, а во меѓувреме јавниот обвинител да направи распит на Јанкуловска и на Загорец Тумбовски и проценка на останатите приложени докази кон пријавата-изјави Петре Шилегов.
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1