СДСМ поднесе кривична пријава против министерката Канчевска Милевска


„Ја информираме јавноста дека Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, до Јавното обвинителство на Република Македонија за гонење на организиран криминал, поднесе Кривична пријава против министерката за култура Елизабета Канчевска Милевска, против поранешниот градоначалник на општина Центар, Владимир Тодоровиќ, и советниците на Општина Центар од ВМРО-ДПМНЕ во претходниот мандат.

P.Shilegov-27.12.2013god.-685x320

Во име на еднаквиот третман на сите пред лицето на правдата, поднесовме кривична пријава за основано сомневање за сторено кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353, став 5 од Кривичниот закон,  и нанесена штета на  Буџетот на РМ во вредност од над 3,5 милијарди денари или повеќе од 58 милиони евра, изјави портпаролот на СДСМ.

Video – A1On

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1