СДСМ В ПОНЕДЕЛНИК НА КОНГРЕС ЌЕ ГИ ДЕФИНИРА ИЗБОРНИТЕ ЛИСТИ


За конечните листи ќе одлучиме в понеделник на Конгрес откако викендов ќе ги сумираме резултатите од анализите во извештаите во селекционата комисија… За некои места веќе знаеме, но голем дел се уште не сме ги потврдиле изјави лидерот на партијата Зоран Заев.

БЕСА која пред неколку дена ја официјализираше коалицијата со СДСМ на овие избори ќе настапи со заедничка пратеничка листа и со заедничка програма… Заев најави дека деновиве ќе се одржи состанок и со партијата на Мендух Тачи за да се разгледа можноста за соработка со ДПА.

Потпретседателот на СДСМ, Мухамед Зеќири, во дебата на ТВ 21 истакна дека не е исклучена коалиција со ДУИ на следните парламентарни избори, само доколку на предвремените парламентарни избори партијата понуди нови имиња за кандидати.

Според Зекири на ДУИ и е неопходно внатрепартиско прочистување со кадри и со луѓе кои ќе понудат нешто ново… Доколку понудат кадри, во кои луѓето ќе имаат доверба вратата и за нив може да стане отворена, додава потпретседателот на СДСМ…

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1