Се бара економски промотор што донел инвестиција?!


Нашата држава веќе пет години вложува во овие луѓе, но досега ниту од Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот ниту, пак, од власта излегле јавно да кажат дали и кои промотори се заслужни за некоја конкретна инвестиција во земјава, пишува Нова Македонија

НИКОЈ НЕ КАЖУВА КАКВИ СЕ РЕЗУЛТАТИТЕ НА ЕКОНОМСКИТЕ ЕМИСАРИ ВО СТРАНСТВО

ekonomija rabotaВо Бразил, Индија, Казахстан, Јапонија, САД, Кина и во повеќе други земји Македонија испрати економски промотори, високообразовани лица што имаат задача да ги привлечат инвеститорите да дојдат и да ги вложат своите пари во земјава. Првиот економски промотор беше испратен во 2008 година во Италија, а денеска нашата земја има 30 промотори што ја претставуваат Македонија во 37 земји низ светот.

Нашата држава веќе пет години вложува во овие луѓе, но досега ниту од Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот ниту, пак, некој од власта не излегол јавно да каже дали и кои промотори се заслужни за некоја конкретна инвестиција во земјава.

Агенцијата за привлекување странски инвестиции и промоција на извозот, за тоа дали има конкретна инвестиција донесена од економските промотори вели.

Од неодамна агенцијата распиша конкурс во кој бара економски промотори за девет земји што ќе работат на определено време. Во огласот се бара еден промотор за Њујорк, Чикаго и Мајами. За Малезија, Индонезија и Сингапур ќе биде вработен еден промотор, а исто така потребни се и промотори за Норвешка, Франција, Русија, Кина и за Јапонија. Платите се движат од 2.100 евра за Русија до 3.100 евра за Јапонија.

Според програмата за работа и финансиски план за 2013 година, Агенцијата за странски инвестиции ќе одвои 1,65 милион евра за економските промотори, од кои 740 илјади евра се наменети за плати и надоместоци, а другите 910 илјади евра од буџетот ќе се потрошат за станови, изнајмување возила и дневни расходи. Математиката покажува дека за овие пет години од јавните пари сме одвоиле најмалку осум милиони евра за да можат овие лица да живеат во тие земји и да бараат инвеститори.

 Повеќе на – novamakedonija.com.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1