Над 4300 слободни работни места во Македонија евидентира агенцијата за вработување. Најголемиот дел, 2360, се во Скопје, додека во останатите градови има по стотина непополнети работни позиции.
Сепак, агенцијата забележува се повеќе барања за поспецифични занимања и карактеристики на работниците. Бројот на слободни работни места наспроти над 120 илјади невработени од кои над 100 илјади се активни баратели, од агенцијата велат дека се должи на разидувањето на побарувачката и понудата.
Речиси половина од невработените во земјава се со основно образование, 36 илјади се со средно, 18 илјади со непотполно средно, 16 илјади со високо. Има 957 невработени магистри и 21 доктори на науки.
Според евиденцијата на Агенцијата, единствен град без слободни работни места е Македонски Брод.