Владеачката работничка партија во Норвешка призна дека дел од патниците снимени на скриената камера во која норвешкиот премиер ги вози во такси, биле платени, пренесува BBC.
Од партијата известиле дека петмина од петнаесетте патници добиле надоместок за да се качат во таксито, иако како што напоменуваат не знаеле кој ќе се наоѓа во него.
„Станува збор за пет обични луѓе кои беа прашани дали сакаат да учествуваат во снимањето на видео за партијата, но освен дека ќе ги собере такси не знаеја ништо повеќе“ – изјави портпаролот на партијата.
За да бидат патници на премиерот луѓето добиле надоместок во висина од 64 евра.
Премиерот Столтенберг мина еден ден како такси возач за како што изјави да може одблиску да ги чуе проблемите на граѓаните.