Момчето, кое е на возраст од околу 16 години е во тешка и критична состојба и се наоѓа на интезивна нега на Скопските клиники
Момчето, кое е на возраст од околу 16 години е на интезивна нега на КАРИЛ (Клиника за анестезија, реанимација и интензивно лекување, јавува Телеграф.мк
Момчето беше повредено откако во него со голема брзина удрило возило „туарег“ со скопски регистерски таблички. Според очевидци, возилото се движело со голема брзина, а ударот бил силен.
Поради силината на ударот, момчето било отфрлено повеќе од 15 метри на коловозот.
На местото на несреќата е возилото, со оштетен преден дел, како и патиките на момчето. Полицијата врши увид, при што дел од булеварот е затворен за сообраќај.