Се чекаат резултатите за тоа колку била опасна излеаната течност во “Охис“


Институциите се уште не откриваат колкав концентрат од опасниот метил акрилат се излеал со водата при чистењето на цистерната во ОХИС. Мостри од течноста се пратени на лабораториски испитувања во МВР и се чекаат резултатите. Неофицијалните оценки на инспекторатот за животна средина се дека се работи за незначителна концентрација на хемикалијата.

Иако непријатната миризба ги измачи околните жители а дел од нив дури и се евакуираа вечерните часови – надлежните испраќаат смирувачки тонови. Уверуваат дека хаваријата во ОХИС е ставена под контрола и нема опасност по здравјето на граѓаните.

„Ако во текот на вчерашниот и денешниот ден по неколку часа сум во ОХИС, сигурно нема јас самиот својот живот да си го ризикувам.“

Првиот човек на фирмата која ги складира хемикалиите не се чувствува виновен за дефектот на вентилот. Не стравува ниту дека инцидентот ќе му наштети на бизнисот и дека може да остане без работна дозвола.

Инцидентот во ОХИС ги крена на нозе и еколошките здруженија. Иницијативата „О2“ го вперува прстот кон фирмата која го вршела чистењето. Бараат објаснување зошто самите не го пријавиле дефектот туку чекале да се огласат околните жители. Од „Екогерила“, пак, алармираат дека негрижата за индустриските погони во иднина може да предизвика нови инциденти од уште поголеми еколошки размери.

„Државата ги рентала овие објекти како резервоари, погони и слично на приватни субјекти. Тие се во една многу лоша состојба, не се одржувани. Не верувам дека некогаш се инспектирани и можеби само ради реда поминал некој инспектор да констатира дека се е во ред.“

Реагираа и од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ од Кисела Вода, со обвинување дека се занемарени погоните во ОХИС и побараа одговорност од виновниците.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1