Резултатите се базирале на студија која следела 7.870 жени и девојки на возраст од 15 до 28 години во рамки на Национална студија за периодот од 1995 до 2009 година. Од вкупниот број на жените кои учествувале во студијата, 45 или 0,5 отсто пријавиле „девствена бременост“, без сексуален однос и без некоја од технологиите на асистираното оплодување.

Автори на студијата навеле дека таквата бременост можела да се случи кај животните како последица на асексулана репродукција при што растот и развојот на ембрионот се случува без оплодување. Но, во случајот со жените, авторите сметаат дека нивните научно невозможни тврдења укажуваат на потреба за дополнителна научна интерпретација на таквото однесување.