Австралискиот милијардер Клајв Палмер објави дека ќе започне изградба на копија на познатиот брод „Титаник“, што би требало да биде пуштен во сообраќај во текот на 2016 година.
Плановите за „Титаник 2“ Пламер ги презентираше синоќа во музеј во Њујорк, при што најави дека изградбата на бродот ќе започне наскоро во бродоградилиште во Кина.
Тој рече дека околу 40.000 лица пројавиле интерес да купат билети за првото трансатлантско патување на бродот кое ќе биде на оригиналната линија на „Титаник“ од Саунтхентон до Њујорк.
Интересот бил толку голем што повеќе од десет лица веќе нудат повеќе од милион долари за првото патување со Титаник планирано за 2016 година. Интересот бил огромен иако изградбата на бродот сеуште не била започната.
– Сега поради глобалното затоплување во северниот дел на Атлантскиот Океан нема толкави санти мраз како пред 100 години, потенцира Пламер на промоцијата.
Оригиналниот „Титаник“ на времето бил најголемиот и најлуксузниот прекуокеански патнички брод. На своето прво патување од Саутхентон до Њујорк тој удрил во санта мраз и потонал на 15 април 1912 година.
Погинале повеќе од 1500 лица. Бродоломот го преживеале само околу 700 лица од вкупно над 2.200 патници и членови на екипажот на бродот.
Претставниците на компанијата “CSC Ðnling” чие седиште е во провинцијата Џијангсу не сакале да кажат колку ќе чини изградбата на бродот.
Палмер рекол дека неговиот брод ќе биде исто луксузен колку и оригиналот, но и дека ќе има вградена најнова навигациона и безбедносна технологија.
На дизјанерите ќе им помага и тим за историски истражувања затоа што бродот треба што повеќе да личи на оригиналот.
Ќе ги има истите димензии како оргиналот, 840 соби, 9 палуби, и нормално 1,2,3 класа. Ќе има повеќе бродови за спасување, најмодерна навигација.
Планирано е првата пловидба да е од Кина до Саутхемптон па Њујорк по оргиналната рута од 1912 .