Се исплати ли ставање на Соларни системи


Сончевите системи за енергија се алтернативен извор кој добива се поголемо значење овие денови . Принципот на работа е сосема едноставен – тие ја претвораат сончевата енергија во корисна и така за домови, претпријатија, училишта и др. се обезбедува електрична енергија за многу пониски цени…

Кои се предностите во користењето на соларни системи?

solar_inПрво, изворот на напојување со енергија е апсолутно бесплатен. Од друга страна, производството на ваква енергија е еколошки и не ја загадува во никој случај животната средина. Тоа се два сериозни аргументи, а и бумот во развојот на технологијата во областа на системи за соларна енергија го прави нивното користење доста рентабилно.

На голем дел од сончевите системи не им треба одржување, откако еднаш се инсталирани. Ова е уште еден плус, бидејќи практично значи дека инвестицијата е еднократна и не се наметнуваат трошоци до крајот на животот на системот, односно во наредните 30-40 години. Во исто време целосна гаранција на соларните системи варира во рамките на 20 – 30 години, а кај некои видови и повеќе.

Многу од современите соларни системи претставуваат тенки ролни, кои се инсталираат директно на покривот како стандардни покривни облоги. Освен тоа, тие веќе се развиени во согласност со точно определени потреби. Така на пример, може да се користат за напојување на надворешното осветлување и на тој начин да се елиминираат сите трошоци поврзани со него.

Имаат ли сончевите системи недостатоци?

Да, но само еден – цената на првичната инвестиција. Инсталацијата на Сончевиот систем не е евтина и тоа е главната причина поради која не сите домаќинства не можат да си дозволат оваа иновација. На долг рок, сепак, тоа е доста поволна и прифатлива инвестиција.

Можеме да резимираме едно – соларните системи се голем чекор напред во напорите на човештвото кон “зелен живот”, прашањето е колку од нас би сакале да ја направат. Бидејќи сигурните предности се многу повеќе од недостатоците.

Интересно.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1