Се караа на цел глас синот на Цеца и неговата девојка во центарот на Будва (Фото)


Синот на српската фолк-дива Цеца Ражњатовиќ, Вељко Ражњатовиќ (18) и неговата девојка Маша Терзиќ досега не се срамеа да споделуваат нежности и интимности во јавноста, но се чини дека младата љубовна двојка која деновиве летува на црногорското приморје ја имала својата прва жестока кавга во јавноста.

Минатиот викенд екипата на таблидот „Свет“ ги уловила Вељко и Маша како бурно се расправаат во центарот на Будва откако се враќале од плажа.

1-copy-610x589

Маша наводно не сакала да оди заедно со Вељко во апартманот во кој престојувале во Будва, а 18-годишниот син на Цеца ја фатил за рака и почнал да ја влече во таксиото кое го повикал.

– Влегувај внатре, што ми глумиш – и рекол Вељко на Маша.

Девојката која веројатно не била расположена му викала да не ја влече за рака бидејќи тоа ја болело.

И додека таксистот збунето ги гледал двајцата , двојката продолжила да се расправаат пред случајните минувачи.

2-copy-610x401

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1