Микробиолозите велат дека од тоалетната шолја која не е поклопена може да излезе облак од микроскопско ситни бактерии кои се спуштат на блиските површини.
Тие спровеле истражување за патиштата на ширење на болестите. Користеле стелиризиран тоалет и го инфицирале со болничката супербактерија C. difficile.
Ако капакот бил кренат во текот на пуштањето на водата, бактеријата се ширела по просторијата и се наоѓала во воздухот и 90 минути по првото пуштање вода.
Иако бактеријата поминала и преку ивицата на поклопената школка, нејзината концентрација во воздухот била далеку помала.
Кога капакот бил кренат, бактеријата се нашла на сите површини, а кога бил спуштен, само лево и десно од тоалетната школка.
Тоа го зголемува ризикот од ширење на вируси, предизвикуваат напади на повраќање или пречки во варењето.