Се местел да ја фотографира сопругата – паднал од 1.200 метри, преживеал


Еден Холанѓанин денес преживеал пад од карпа висока 1.200 метри од која се лизнал додека се местел за да ја фотографира својата штотуку венчана сопруга.karpa-kraj-na-svet

35-годишникот кампувал крај карпата Крај на светот, една од најголемите атракции на Шри Ланка.

Додека се местел за да ја слика сопругата, се лизнал од врвот на карпата и паднал 40 метри на мек врв на едно дрво, од кое повреден го извлекле војници и на раце го однеле по 5.5 километри планинска стаза за да го предадат на лекарите.

Во болница е утврдено дека животот не му е во опасност, и покрај повредите.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1