Аферата „Рекет“ од понеделник ќе добие нови димензии, барем според најавите на новинарот Бранко Героски, кој со серијалот за „Кики“ и „Фрики“ всушност ја отвори оваа голема рекетарско-политичка афера. Тој објави дека во понеделник конечно ќе ги објави на имињата Кики и Фрики, за кои се претпоставува дека се политичари од редовите на СДСМ.
Се најавуваат и нови бомби за кои се очекува да бидат и за други актери од власта, што значи дека „Рекетот“ ќе се шири.
Од друга страна, денес порталот Сведок објавува нови детали поврзани со аферата за ректирање, во која барем засега главни актери се Бојан Јовановски Боки 13 и Зоран Милевски – алијас Зоки Кичеец.
Според сведок истрагата треба да открие како скапи возила како „бентли“ и „мерцедес“ висока класа отишле кај други луѓе.
„Јавната обвинителка Вилма Русковска, сега се очекува да ги истражи информациите, како било направено јахтата на Дејан Панделески-Пелистерка, сега е сопственост на Владимир Стаиќ Роштиљ, која според информации на извори во истрагата непречено плови по Јадранот. Дали и како „бентлито“ на Орце Камчев сега станало сопственост на Трајче Заев, близок роднина на премиерот Зоран Заев? Како „бентлито“ на Сеат Кочан сега станало сопственост на Владимир Стаиќ Роштиљ? Ќе се истражува и како „мерцедесот С 500“ на Орце Камчев станал сопственост на Владимир Стаиќ Роштиљ“, пишува Сведок.