Се нема усул – Крадци оперираат низ поплавените куќи во Скопско


Во текот на минатиот ден, полицијата евидентирала две тешки кражби во поплавените подрачја во скопско. Според соопштението, во првиот случај од автомобил во село Сингелиќ е украден акумулатор. Во вториот случај кражбата се случила во основното училиште „25-ти Мај“, така што одземени се два рутери од Телеком, а оштетени се фотокопир, неколку радијатори, проектор, ТВ приемник и скршено е едно стакло од прозорците. Од Министерството за внатрешни работи истакнаа дека се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.kradec 3

Дополнително, во соопштението е наведено дека се евидентирани 44 пријави од граѓани кои пријавиле поплавени домови, возила, ниви и друг имот, како и штети од невремето.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1