Се обидел да ја прошверцува сопругата во куфер


Полските граничари привеле француски државјанин кој се обидел својата сопруга Русинка, да ја прошверцува од Белорусија во Европската унија скриена во куферот.jimmy-in-suitcase

– Поголемиот куфер на францускиот државјанин го привлекол вниманието на нашите работници на железничкиот премин во Тереспол (на границата помеѓу Полска и Белорусија). На нивно изненадување, од него излегла 30-годишна жена. Била во добра форма и не и била потребна медицинска помош – изјавил претставникот на пограничната служба Даријуш Сјеницки.

По испитувањето во станицата, сопружниците одлучиле да се вратат во Белорусија. Кога со возот тргнале од Ница за Москва, 60-годишниот Французин, чиј идентитет не е откриен, не знаел дека неговата сопруга може слободно да влезе со него во Шенгенската зона.

– Да патувала седејќи покрај сопругот, би поминала без проблеми. Но поради обидот за избегнување на граничната контрола, двојката ризикувала казна од три години затвор – изјавил Сјеницки.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1