Се одржува контраверзниот РЕФЕРЕНДУМ за одбележување на 9 јануари како роденден на Република Српска


Во Република Српска денеска се одржува референдум, прв во дејстонска БиХ, на кој граѓаните ќе се изјаснат дали сакаат 9 јануари во иднина да се одбележува како Ден на Републиката во РС.

Официјалните претставници на РС ги повикаа граѓаните масовно да излезат на избирачките места и достоинствено да одлучат дали сакаат 9 јануари да биде роденден на Република Српска.referendum-srpska-640x294

Право на глас имаат 1.219.399 граѓани, кои ќе се изјаснуваат на околу 1.900 гласачки места.

Оние граѓани на РС, кои денеска ќе бидат во Србија, ќе можат да го исполнат своето гласачко право во Белград, Нови Сад, Зрењанин, Суботица и во Панчево. Освен во Србија, граѓаните на РС ќе можат да гласаат и во Австрија, Белгија, Русија, Германија и Швајцарија.

Според најавите на Комисијата за спроведување на реферндумот, првите прелиминарни резултати ќе можат да се очекуваат во текот на ноќта.

Референдумот има советодавен карактер, односно дава мислење за актот кој дополнително ќе биде донесен во Парламентот на РС, согласно мнозинското изјаснување на граѓаните, а по гласањето тој ќе биде обврзувачки.

Референдумот ќе се одржи во атмосфера на зголемени тензии меѓу Бања Лука и Сараево, имајќи превид дека Уставниот суд на БиХ, кој раководството на РС не го признава, донесе одлука дека ова гласање е неуставно.

Против одржувањето на референдумот се и претставници на меѓународната заедница, ЕУ, Советот за имплементација на мирот во БиХ, државниот врв на Хрватска и на Србија, додека Русија е единствена која го поддржува.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1