Се огласи девојката која беше турната од мост: Сакам другарка ми да си поседи во затвор


Девојка која падна од мост во американската сојузна држава Вашингтон и преживеа, сега бара другарка и која ја турна да биде осудена.

– Отпрво не сакав другарка ми да има проблеми, но откако размислив подобро, сега сакам таа да си поседи во затвор и да размисли за тоа што го стори. Јас можев да загинам, истакна 16-годишната Џордан Холгерсон.

Таа откако минатата недела беше турната од мост висок 20-тина метри при падот се здоби со 5 скршени ребра и повеќе внатрешни повреди, но сепак успешно закрепнува.

Таа истакна и дека, нејзината 18-годишна другарка Тејлор Смит ниеднаш не ја посетила во болница.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1