Се огласи војникот Татјана: Јас сум православен христијанин и не се повикувам на убиства


Покрената е дисциплинска иницијатива за професионалниот војник Татјана Лазаревска, велат од Генералштабот на АРМ, откако беше критикувана од јавноста заради статусот „Нобелова награда за храброст да му се даде на „напаѓачот“ човекот во Нов Зеланд “.

Според Законот за служба во АРМ, точно е одредено колку трае дисциплинската постапка и кои се нејзините чекори. Согласно законските одредби, каде се класифицирани облиците на престап, највисоката казна која може да се изрече на припадник на армијата е прекинување на работен однос.

Ако се работи за потежок облик на престап, тие ги информираат и другите надлежни институции, обвинителството и Министерството за внатрешни работи.

Од Генералштабот велат дека таа ќе биде известена откако ќе се врати од годишен одмор и треба да се изјасни за случајот. Лазаревска пак за Сител вчера изјави дека статусот не е нејзин и дека профилот и бил хакиран, а откако почнала да добива закани во пораки, го деактивирала фејсбук профилот.

-Јас сум православен христијанин и црквата и верата моја учи дека ние не се повикуваме на убиства, на омраза, на ниедна вера, нација што во статусот е посочено обратно. Кој мене добро ме познава знае дека тоа не е моја изјава, дека тоа не е мој статус. Во последно време имав забележано дека некој влегува во профилот, не ни обрнував внимание на тоа, мислејќи дека сум обичен граѓанин и дека не може да се злоупотреби во ваква смисла, вели Татјана Лазаревска, професионален војник.

Вчера го пријавила случајот во СВР Битола. Од полиција потврдуваат дека случајот е пријавен. Велат дека Секторот за компјутерски криминал при МВР во координација со основното јавно обвинителство работат на расчистување на случајот и по негово завршување ќе биде поднесена соодветна пријава.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1