Се откачил лифт на Кардиологија кои ги носи пациентите – во него имало болничар


Се откачил лифт на Клиниката за кардиологија додека во него се возел болничар, дознава НОВА од вработени на клиниката. Инцидентот се случил пред една недела, а во тоа време во лифтот, со кои се носат пациенти на интервенции бил само болничарот.

Вработениот од првиот спрат паднал во подрумот, по што веднаш му била укажана лекарска помош, а бил сниман и на компјутерска томографија. Вработени на клиниката велат дека цела среќа што во моментот во лифтот немало пациент за коронарографија која се работи во подрумските простории.

kardiologija slikaНОВА го пронајде болничарот кој бил во лифтот за време на инцидентот. Во првичниот разговор тој ја потврдил информацијата и замолил да се јават подоцна бидејќи во моментот го прегледувал лекар. Но, кога повторно го побарале, демантирал дека воопшто бил во лифтот.

На Клиниката за кардиологија за НОВА потврдија дека на 19 јуни транспортниот лифт се спуштил 40 до 50 сантиметри под нивото на подрумот, но велат тоа не било откачување, ниту паѓање.

-Веднаш е направен увид од фирмата која ги одржува лифтовите. Констатирано е дека се скинала врвка на вратата од лифтот, по што лифтот се спуштил 40 до 50 сантиметри под нивото.Вработениот веднаш е однесен на лекарски преглед, но не се констатирани повреди. Денеска е направена уште една проверка од друга фирма и се е во ред, нема никакви проблеми со лифтот, изјави за НОВА доктор Лидија Поповска портпарол на Клиниката.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1