Се откажаа протестите – пред Јаја Паша мирно


Пред Јаја пашината џамија во моментов има стотина малолетници кои стојат на улицата и го блокираат сообраќајот, пишува Нетпрес. Според порталот останатите верници си заминале веднаш по молитвата.
policija ebrПолицијата денеска подготвено ги чекаше демонстранти. Полициските екипи беа распоредени на клучните крстосници и локации,  а голем број ја обезбедуваат и зградата на Владата.
Од МВР изјавиле дека се преземаат превентивни мерки за да се спречат инциденти и нарушување на мирот и безбедноста, пренесува Нетпрес.
-Покрај другите мерки беше зголемено и присуството на униформирани полициски службеници на пофреквентни места, автобуските постојки и автобусите во изминативе денови, а така ќе биде и во текот на денешниот ден. Согласно потребите, нашите активности ќе продолжат и во наредниот период,изјавиле од Секторот на односи со јавност при МВР, пренесува Нетпрес.
Оттаму додаваат дека будно ги следат случувањата низ центарот на Скопје.
Телма пак јавува дека околу 100 лица сепак се упатиле накај владата – 

Околу сто млади лица – Албанци, денеска по 12.30 часот, по молитвата во Јаја – пашината џамија во Чаир, излегоа на протести. Групата набрзо ја зголеми бројноста. Група постари Албанци се обидоа да ги убедат да не протестираат. Преговорите траеја кусо време, без инциденти. Но, сепак група од близу сто лица тргнаа кон Бит Пазар, со истата иконографија, истите пароли како и минатата сабота. Засега нема инциденти.

Пред Владата и пред Собранието на Македонија, како и пред други институции и важни крстосници низ Скопје, засилено е присуството на полицијата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1