Се отвараат базените – еве ги цените


Скопските базени се подготвуваат за почетокот на летната сезона.  Олимпискиот базен, базенот во Kарпош, кој е во рамките на спортско-рекреативниот центар „Борис Трајковски“, воениот базен во Аеродром, како и базенот „Расадник“ во Kисела Вода.

bazen3Олимписки базен – работното време на базенот за рекреативци е од 10 до 17.30 часот, а пливачките клубови тренираат од 18 до 20 часот. Базенот ќе биде отворен секој ден, освен понеделник, кога ќе се прочистува водата. За безбедноста на капачите ќе се грижат шест спасувачи, а ако е потребно, односно ако има повеќе посетители, ќе се ангажираат и дополнителен број. Влезниците за возрасни ќе чинат 200 денари, а за деца до 5 години влезот е бесплатен. Исто така има и билет за повеќе влеза.

Kартата за 10 влегувања чини 1.600 денари, за 15 – 2.250 денари, за 20 – 2.800 денари, а за 30 е 3.600 денари.

Базенот „Младост“ во Kарпош 3, кој е стопанисуван од СРЦ „Борис Трајковски“, летната сезона ќе ја почне на 10 јуни, откога ќе биде ставена во функција и летната тераса. Заедно со него ќе почне со работа и Аквапаркот.Рекреативците може да се капат од 10 до 17 часот и од 22 до 24 часот. Во недела од 10 до полноќ. Пливачки клубови базенот го користат во терминот од 17 до 21 часот, секој ден, освен недела.

425089-bazenЗа безбедноста на пливачите во овој базен се грижат спасувачи, по двајца во смена. Обезбедени се и топли тушеви по пливањето. Цената на дневен билет за возрасни е 200 денари, а има и месечен билет од 1.500 денари, со кој може да се влезе три пати во неделата. Месечно е 2.500 денари и служи за секој ден. За децата до пет години влезот е бесплатен. Услов за капење во овој базен е капа за пливање поради обезбедување хигиенски услови.

– Базенот „Расадник“ 
 ќе почне да функционира од 6 или 7 јуни, информираа надлежните. Базенот ќе биде отворен од 10 до 24 часот. Минатата година, цената на дневен билет била 150 денари.

Воениот базен во Аеродром отворање е најавено за в сабота, 31 мај, во 11 часот. за безбедноста на капачите ќе се грижат спасувачи – по двајца или тројца во смена, зависно од бројот на посетители. Цената за влез е иста како лани – 200 денари дневен билет, а полудневен билет за периодот 15 до 17.30 часот ќе чини 130 денари. Влезот за децата до 2 години е бесплатен.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1