Овој пат за малку ќе настрадаше семејството на Дорис Јенкинс во градот Пенсилванија. Земјата се отвори непосредно пред нивната куќа а Дорис ја зебележа кога излезе да го прошета кучето.
„Веднаш видов дека нешто чудно се случува! Автомобилот на ќерка ми беше таму. Ја разбудив да го помести.“ – раскажа Дорис која беше принудена со ќерката Ингис и со внуката Клаудија да се евакуираат.
„Не мислев дека вака ќе го поминам неделното попладне. Не е баш пријатно да видите како дел од дворот ви пропаѓа во дупка“.
Последните неколку денови во соседството се привршуваат некои поправки на канализационата мрежа но не е уртврдено дали е тоа причината за отворањето на оваа дупка. Во понеделникот се утврди дека дупката е широка девет метри а оди и до четири и пол метри во длабочина. Истотака се заклучи дека семејството може безбедно да се врати во домот бидејќи не постои опасност за понатамошно поместување на земјиштето.