Малку откако и бил дијагностициран рак на црниот дроб, Кејли составила листа на последни желби, а најголема од сите и била да има свадба за паметење, што со помош на нејзината пријателка и го остварила
Наместо долготрајна и макотрпна хемотерапија, Кејли одлучила да даде отказ на работа и целосно да му се посвети на синчето.
-По долгата хемотрапија спијам по цел ден, не можам да јадам, не можам ништо да правам- изјавла девојката.
Иако немала партнер, нејзината најдобра пријателка, Кети Бирч, организирала лажна свадба. Бирч ангажирала згоден манекен кој ја играл улогата на младоженец.
Кејли регуларно добила фризура и шминка, а веднаш по средувањето со олтајмер на Јагуар, заедно со младоженецот заминале до замокот каде венчавката била закажана.
Гостите, меѓу кои биле нејзините најблиски, со нетрпение чекале да се појави манекенот кој ја исполнил последната желба на нивната Кејли.
-Беше малку необично, поради бизарната ситуација, не можев да престанам да се смеам. Не очекував ништо од ова. Не можев да верувам дека сонот ми се оствари. Беше прекрасно- истакна невестата која беше воодушевена од нејзиниот “сопруг”.
Гордата мајка Беверли, воодушевена од сето тоа, истакна дека свадбата на сите им ги оттргнала мислите од се што се случува.
Покрај венчавката, на листата на последни желби се наоѓа и план со синот да го посети Леголенд, музејот на Мадам Тисо и лондонскиот Аквариум.