Се падна џекпотот на Евромилионс: 23.8 милиони евра за 22 добитници, сите шофери!


Возачи на автобус од Ирска заедно добиле џекпот на Еуромилионс во петокот и овој понеделник не се појавиле на работа, туку се уште се обидувале да се соземат од шокот, пишува Мирор.

Гарет Квин, подрачен директор на локалниот јавен превозник Даблин бас, открива дека ниту еден од 22 вработени шофери кои минатиот петок добиле награда од 23.8 милиони евра не се јавил на работа во понеделникот.LOTO

-Никој не дојде на работа, но тоа не ни е проблем. Нека им е со среќа, велат од Даблин бас.

Националната лотарија потврдила дека добитниците веќе се јавиле. На официјалниот Твитер, стои: „Не победивме на Евро, но затоа победивме на Евромилионс. Во контакт сме со луѓето кои го имаат победничкото ливче“.

Целиот Фибсбург слави со возачите и никој не негодува што јавниот превоз е во колапс.

-Големо чудо што ќе нема автобуси. Прекрасно е што толку голема награда им се падна на луѓе од работничка класа.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1