„Се уште не ме пензионирале, но чуствувам дека крајот е дојден“, вели актерската легенда Мајкл Кејн во најавата за своето актерско професионално пензионирање.
„Станување во 6:30 наутро и учење дијалози на памет не е моја слика на рајот“, додава актерската легенда.
Во интервју за „Mirror“, Кејн вели дека вратите му се затворале кога наполнил 70 години. Тогаш добил улога во филмот „Batman Begins”.Со тој филм на Кристофер Нолан пак ја почнал кариерата.
Вели дека своите најдобри филмови ги снимил како седумдесетгодишник. Во тој период снимил седум одлични филмови. Во неговата професионална актерска кариера глумел во 167 филмови. Но и покрај „новата кариера”, Кејн вели дека е време да се пензионира. Тој се движи со помош на бастун , откако лани го скрши глуждот на ногата, а потоа и премина на здрава исхрана , престана да пие.
Поддршката за новиот начин на живот ја добива од сопругата Шакира (71). Сепак , во моментов не застанува со снимање . наскоро ќе се појави во филмовите „King of Thieves” и во „Four Kids and It” .