Се појави смртоносна чума позната како ,,Црна смрт”


Две лица во Кина се заболени од чума, соопштија денеска кинеските власти.

Ова е втор пат во земјата да се појави т.н. Црна смрт, една од најсмртоносните причинители на пандемија во историјата на човештвото.

Во мај годинава, монголска двојка почина од бубонска чума, затоа што јадела суров бубрег од мајмун, кој во народната медицина се смета за лек.

Најновите двајца пациенти кои имаат симптоми на пневмонија, потекнуваат од кинеската провинција Внатрешна Монголија и сега се лекуваат во округот Чојанг во Пекинг, пренесува Си-Ен-Ен.

Чумата е предизвикана од бактерии, а луѓето можат да ја добијат, ако се каснати од заразено животно (или јадат сурово месо). Постојат три основни форми на развој на болеста: бубонска чума што предизвикува отечени лимфни јазли, септичка чума ја инфицира крвта и белодробна чума ги инфицира белите дробови.

Двајцата пациенти добиле пневмонија, што е многу заразна и најштетна за организмот. Ако не се лекува, секогаш завршуива фатално.

Во средниот век, чумата ја опустошила Европа, убивајќи околу 50 милиони луѓе. Иако неодамна се измислени антибиотици, кои можат да ги лекуваат повеќето инфекции, чумата сè уште не исчезна. Напротив, повторно се појавува во изолирани случаи.

Во моментов нема ефикасна вакцина против чума, но современите антибиотици можат да спречат компликации и смрт на пациентите. Како и да е, неодамна, на Мадагаскар е пријавен вирус на бубонска чума, кој е екстремно отпорен на антибиотикот стрептомицин, со кој вообичаено се третира оваа болест.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1