Десетици луѓе починале во Флорида, САД, од новата ефтина дрога „флак“, но и покрај овој податок, оваа моќна супстанца која популарно се нарекува „лудило за 5 долари“, го освојува пазарот во САД.
Основната состојка на оваа синтетичка дрога е алфа-пиролидинопентиофенон и главно се произведува во Кина. Потсетува на чакал, што ѝ е уште еден уличен назив.
Се внесува со шмркање, пушење или интравенозно. Меѓутоа, предизвикува срцеви проблеми, значително ја зголемува телесната температура, предизвикува агресија и параноја.
„Тоа е исклучително опасна дрога. Не е рекреативна и не е нешто што се консумира без негативни последици“, предупредува Хедер Кларк од организацијата Јунајтед веј, која е зачетник на иницијативата против оваа хемиска супстанција.
Sky.mk