Се повеќе бактерии се отпорни на антибиотици – убиваат годишно 23.000 луѓе и се шират


Недостигот од нови антибиотици, заедно со прекумерното пропишување на постојните, предизвикува голем број претходно рутински болести да стануваат неизлечиви, се вели во новиот извештај објавен од страна на американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ).

55.siНајмалку два милиони луѓе во САД се заразени секоја година – а 23.000 од нив умираат – од бактерии што не реагираат на третман со вообичаените или со кои било антибиотици, се вели во извештајот за заканите од отпорноста кон антибиотици во САД 2013, јавува Телевизијата РТ.

„Се приближуваме кон бездна. Ако не преземеме чекори за да ја забавиме или да ја запреме отпорноста кон лековите, ние ќе се вратиме назад во времето кога луѓето умирале од едноставни инфекции“, вели Мајкл Бел, заменик-директор на одделот за промоција на квалитетот на здравствената заштита во ЦДЦ, кој е еден од авторите на извештајот.

Меѓу болестите што во извештајот се прогласени за „алармантна закана“ се клостридиум дифицил, форма на тешка дијареа што убива 14.000 луѓе годишно, и гонорејата, бидејќи речиси една третина од 800.000-те годишни инфекции се со видови што не реагираат на ниеден единствен антибиотик.

Најстрашни можеби се ентеробактериите отпорни на антибиотиците карбапенеми (ЦРЕ), релативно нова и ретка, но смртоносна инфекција, која не може да биде излечена со „лекарствата за краен случај“ (лекови што намерно се чуваат само за третмани на болести кај кои ништо друго не успева).

USA - Swine Flu - Doctor Wears Mask While Seeing PatientsОд околу 9.000-те случаи ЦРЕ секоја година, 600 луѓе умираат.

Во извештајот се вели дека најважните причини за зголемувањето на бројот на бактериите отпорни на лекови се погрешното пропишување антибиотици од страна на лекарите и несоодветната употреба од страна на пациентите.

Половина од сите рецепти за антибиотици во САД се непотребни – или се само мерка на претпазливост, или резултат на погрешна дијагноза, или на незнаење дали одреден лек може да излечи одредена болест. Лечењето искоренува одредени видови бактерии, но мал дел од нив остава недопрени. Преживеаните бактерии потоа се размножуваат, создавајќи нов вид болест што повеќе не е подложна на тие лекарства. Проблемот уште повеќе се зголемува кога пациентите прерано ќе го прекинат третманот со антибиотици – честопати веднаш штом ќе се почувствуваат подобро – зашто така останатите микроорганизми имаат поголема шанса да го избегнат третманот.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1